Дали е добро да се пие изладено кафе?

Добивај вести на Viber

Во дилема сте дали да го пиете кафето кое е направено пред неколку часа. 

Кафето може да го промени вкусот и после 30 минути, а после тој период имате отприлика четири часа пред да се расипе маслото од кафето, што резултира со уште полош вкус на овој напиток. Значи, кафето е најдобро да се пие половина час откако ќе го сварите. 

Ако е добро затворено или ставено во фрижидер, кафето со млеко може да биде добро и една недела од отворањето. Ако пак кафе со млеко оставите да стои подготвено повеќе од неколку часа без да го пиете, тогаш најдобро би било да си подгответе ново кафе.

Подобро е да си направите ново кафе, а ако сте одлучни да го пиете токму тоа кафе кое се лади неколку часа, тогаш најдобро е претходно да го подгреете во микробранова печка, затоа што таа во голема мерка ги убива бактериите кои во меѓувреме се собираат.