Дали е навистина готово: Северина го одследи Игор од Инстаграм, но тоа не е сè

Добивај вести на Viber

фото: ATA Images

Северина Којиќ (48) го одследи нејзиниот сопруг Игор Којиќ (32) од Инстаграм, кој го стори истото, па сега и двајцата не следат никого на оваа социјална мрежа!
Исто така, презимето Којќ, кое стоеше покрај името на Северина на Инстаграм, повеќе не стои.

Овој потег следеше откако Којиќ, пред нешто повеќе од две недели, ги отстрани сите фотографии со Северина и него од својот профил.
Сето ова, заедно со приказните за нивните наводни чести кавги, сè повеќе ја поддржуваат приказната дека двојката, наводно, веќе не е заедно, и дека тие решиле да се разведат.
Почетокот на овие приказни започна кога низ српските медиуми се прошири дека Северина го напуштила Белград и заминала во Загреб без Игор, каде го прослави својот 48 роденден.
Според Информер, Северина и Којиќ, наводно, се карале околу базенот во куќата на Којиќ во Белград, која пејачката сакала да ја реновира.

Парите исто така се наведуваа како причина за разделбата на славната двојка, иако, според приказните на поединци, сето ова многу лесно може да биде чист маркетинг трик. 


извор:telegraf

Веќе некое време се шпекулира дека бракот на Северина и Игор Којиќ е во криза, а неодамна Игор сподели слика со љубовен цитат во опис.

-6 месеци или 182 дена откако не одвоија: Северина емотивна за разделбата со синот