ДАЛИ Е ОВА МОЖНО - професорката Ачковска тврди дека средношколец бил отруен со дрога ставена во пијалок во кафуле

Објавата е на професорката Виолета Ачковска, и затоа не би требало да се игнорира, бидејќи станува збор за познат интелектуалец кој е свесен дека сноси одговорност за она што јавно го објавува на социјалната мрежа фејсбук. 

Таа тврди дека гимназијалец бил отруен со дрога во кафуле во земјава. МВР се уште се нема огласено околу таа информација.

Имено, како што пренесуваат повеќе медиуми, средношколец, матурант од скопската гимназија „Георги Димитров“ пред неколку дена починал, неофицијално како последица на дрога ставена во пијалок во кафуле. Неговите другари и сооченици, вчера на градските гробиште во „Бутел“ го испратиле Јован во своето вечно почивалиште. 

Деталите погледнете ги на Фактор тука.