Дали маските навистина нѐ штитат од вируси и грип?

Добивај вести на Viber

Хируршката маска не штити само неодредено време

Од почетокот на пандемијата со коронавирус, до денес едно од најпобаруваните продукти во аптеките е заштитната маска за лице. На почетокот од пандемијата во земјава имаше и недостаток на маски. Во блиска иднина, се нема појавено таков недостаток, но граѓаните се многу поодговорни и барем во главниот град, Скопје многумина се придружуваат до мерките за заштита од Ковид-19 и носат заштитни маски. Но
, која маска е побезбедна и колку истата има рок на траење, односно заштитува.

Најчестиот избор кај луѓето за време на сезоната на вируси се хируршките маски. Дел од граѓаните ги носеа дури и кога нивото на загадување беше на највисоко ниво, но наскоро бевме известени дека овие маски не штитат од загадените честички во воздухот.

До пред неколку години, можевме да видиме маски претежно во Кина, на видеа од Кина и слично. Денес, тие се многу вообичаена глетка во Македонија и во другите европски земји. Но, колку се навистина ефикасни овие маски.

Лекарите наведуваат дека тие се ефикасни во заштитата од валкани раце. Ова не е мала работа, затоа што валканите раце се извор на најчеста вирусна инфекција. Сепак, се наведува дека не е голема довербата во хируршките маски кога станува збор за заштита од вирус што се пренесува преку воздух.
Хируршките маски за прв пат се користеа во јавноста во 1919 година во епидемијата на шпанскиот грип, кога починаа 50 милиони луѓе. Дотогаш, тие беа наменети исклучиво за лекари и медицински работници.

Тие се користат и денес, но се препорачуваат на лица кои имаат вирус или грип, со цел да се потисне ширењето на инфекцијата. Експертите потенцираат дека на здравите луѓе не им е потребна хируршка маска, затоа што на тој начин нема да се заштитат од вирусот што се пренесува преку воздухот, туку само ќе ги залажат во мислата дека се безбедни. Но, според мерките за заштита кои ги донесе Министерството за здравство во земјава, кај нас во Македонија во време на пандемија од коронавирус маските за заштита се задолжителни за носење. За нивно не носење следуваат глоби.


Хируршката маска не штити на неодредено време

Исто така, хируршката маска нема постојана заштита. Мора да се менува на неколку часа, некои експерти нагласуваат дека ако сакате навистина да бидете заштитени од несакани честички, маската мора да се менува на секои 20 минути. Ова ја намалува можноста за правилно дишење.

Како тогаш да се заштитите од вирусот?

Најдобра заштита е лична хигиена. Бидејќи корона вируст отпатува од Кина во остатокот во светот, многумина се плашеа од потенцијални инфекции. Тука е одговорноста на секоја индивидуа - лична хигиена и изолација доколку е присутен вирусот. Секој што се сомнева во присуство на вирусот Ковид-19 во организмот, треба да се јави кај лекар за преглед. Тие понатаму ќе ги преземат потребните мерки.

Телото се бори против секој вирус со својот имунитет. Кога ќе пристигне нов вирус, потешко е човечкото тело да го препознае и да го победи. Чувајте го вашиот имунитет силен, да биде подготвен за можен напад на вирус.

Лична хигиена и витамини

Задолжително е да ги миете рацете неколку пати во текот на денот, а по миењето, не заборавајте добро да ги исушите рацете. Исто така, се препорачува изложување на сонце, како превенција на вирусот. Доколку немате можност да се изложите на сонце, препорачуваме да користите витамин Д3.

Кога станува збор за коронавирусот, за жал сè уште нема лек за оваа болест, ниту постои лек за ковид-19. Грижете се за личната хигиена и дадете се од себе за да го одржите вашиот имунитет на оптимално ниво.


Извор: alo.rs

Кои маски се најмалку ефикасни: Истражувачи создадоа тест за утврдување на нивното ниво на заштита