Дали ми се допаѓа доволно за да ризикувам да фатам коронавирус?

Добивај вести на Viber

Коронавирусот го направи „дејтањето“ по комплицирано одошто инаку е.

Во поново време, луѓето се вљубуваат преку Интернет, што сега е најпопуларен начин за средба и запознавање на паровите. Но, стравовите од коронавирусот кој е актуелен веќе подолг период, дополнително го искомплицираа полето на „дејтање“. 

Сега апликации за запознавање поставуваат потсетници за миење на рацете, профилите се полни со референци за коронавирус, еден тренер за дружење предложи начини да се избегне допирање за време на првиот поздрав. Сега коронавирусот е и изговор кога некој сака да избегне средба.
37-годишната Ксавиер Гарсија изјави за „Пост“  - „Ако сакам да бакнам некого, ќе го сторам тоа, нема да прашам никого: дали имате коронавирус?“

Сајмoн Сахдев, 36-годишна самохрана жена од Монтреал, за ВашингтонПост изјави дека се допишувала со некој, од апликацијата за дејтање „Хинге“, кој ја викнал на состанок, но, една работа ја загрижувало, тој неодамна бил во Кина: „Не сум сигурна дека тотално вреди“, вели Сахдев за ВашингтонПост.

Меган Лојд, 28-годишна жена во Сан Франциско, исто така, се мисли дали да се сретне со некој што запознала преку Интернет, прашувајќи се: „Дали сакам за овој човек да ризикувам да фатам коронавирус?“

На апликациите за состанување, поединци обично се фалат во колку земји или колку континенти посетиле, сега на профилите стои: Си одговараме, само ако не сте биле во Италија.

Други луѓе ситуацијата ја користат како шанса да се „изолираат“ навремено со некого. „Да се ​​сретнеме пред коронавирусот да стане навистина лош“, се вели во еден профил.

Еван Мееда, 26-годишен маж од Сан Франциско, вели  „Како се чувствуваме околу коронавирусот?“ стана “пикап“ реченица, како и „миењето раце е жешко“.  

Вирусот дури има и лажен дејт профил кој лебди наоколу. (Роден град: Вухан, Кина. Био: „Сакам се на отворено, преполни места и пазари на храна.“ Исклучоци: Маски и очила).

Рејчел ДеАлто, предлага состанување преку FaceTime или Skype, за да видите дали навистина некој вреди пред да ја напуштите куќата. И Тиндер препорача дека заштитата од коронавирус е поважна од дејтирањето.

Други пак не се плашат:


фото: ВашингтонПост