Дали на моето дете му е потребно животно осигурување?

Добивај вести на Viber

Честитки! Имате ново бебе во семејството! Додека ги купувате најважните работи за вашата принова, треба да почнете да размислувате и за животно осигурување. Но, зошто на дете, а уште помалку на бебе, би му требало животно осигурување?

Животното осигурување за деца вклучува две компоненти – осигурување и штедење, така што родителите, бабите и дедовците можат да го договарат за своите деца и внуци, за да им помогнат да ги направат првите чекори во понатамошниот живот. По истекот на полисата, договорениот износ еднократно се исплаќа на детето како помош при плаќање школарина, купување стан, прв автомобил, или можеби за живот во странство.

Кроација Осигурување - Живот ви нуди безбеден начин да создадете капитал во насока на обезбедување најдобра иднина за вашето дете. Коко детскотоштедно осигурување претставува полиса која обезбедува осигурување ивоедно штедење за вашето дете и план за заштеда во корист на детето.Постои и Коко Инвест осигурување на живот кај кое полисата нуди можност заостварување на атрактивен принос со умерен ризик и професионалноуправување со средствата.

И двата вида детско штедно осигурување опфаќаат деца на возраст од 1 месец до 13 години, а траењето на осигурувањето е од 10 до 25 години (максимум до 25-годишна возраст на детето). Постои и можност за избор на динамиката на плаќање и сумата која се уплаќа. Исто така, детето е единствен корисник на средствата и осигурувањето е временски и просторно неограничено.

Со детското штедно осигурување покажувате дека мислите за иднината насвоите најмили. Затоа, треба да се започне што побрзо со осигурување, за да можат во текот на годините да се акумулираат повеќе средства.

Време е да се мисли на иднината!!!

ПР објава