Дали навистина стресот е заразен?
Од Канада пристигнуваат шокантни вести кои велат дека стресот е заразен.
Научниците од оваа земја дошле до овој заклучок откако пар глувци ги тестирале на стрес. Мозокот на двајцата глувци се променил иако само едниот од нив бил изложен на стрес, што според научниците е неверојатно.
Во секој пар имало машки и женски глушец. Едниот ќе го земеле научниците и го изложувале на умерен стрес, па го враќале кај парот.
Потоа кај секој глушец се анализирани одредени ќелии кои го контролираат одговорот на мозокот за стрес.
Утврдено е дека мрежите во мозокот кај двете глувчиња се менувале на ист начин, што научниците ги довело до заклучок дека стресот си го пренесуваме едни на други, но не сме свесни за тоа.
Најдобар начин за надминување на стрес е да научиме како да се справуваме со него.
Стресот предизвикува одредена реакција. Создава физичка тензија која ја зголемува анксиозноста и нивото на стрес се покачува.
Најдобар начин да се скрши овој маѓепсан круг е релаксацијата. Релаксацијата може да се остварува низ дишење (полно дишење во удобна положба) или пак со мускулна реласација (наизменично згрчување и опуштање на група мускули).