Дали некогаш сте имале интимни односи после караница: Еве како тоа влијае на вас и вашата врска, една работа е посебно важна
Многумина се љубители на секс за помирување, но тој има и добри и лоши страни
Сексот за помирување може да се смета и за еден вид терапија. После секој дожд доаѓа сонце, па паровите по расправии под силни емоции имаат секс за кој често се вели дека е најдобар.
Несогласувањата често се претвораат во голема страст. Многумина се љубители на сексот за помирување, но тој има и добри и лоши страни.
Ве потсетува колку навистина се грижите еден за друг
Ако не знаете или не ви треба потсетник за тоа колку сте привлечени еден кон друг, тогаш сексот за помирување може да ви помогне во тоа.
Се поврзувате на нов, постраствен начин
Енергијата на ваквиот секс ќе поттикне нови емоции и ќе ја освежи вашата врска. Само обидете се да не ја уништите врската таква каква што е.
Може да ви помогне да заздравите
Овде станува збор за завршeток. Додека вербалната комуникација е најдобра за да се расчистат работите еднаш засекогаш, сексот по кавга или раскинување може да функционира исто толку добро.
Сексот за помирување ќе ви ја олесни комуникацијата
Тоа може да биде и одличен начин за решавање на конфликтот. Користете го како средство за одмор во расправија и конфликт. Така ќе имате време да ги смирите страстите и да разговарате во мир.
Ќе научите нешто ново за вашата врска
Тоа може да ви помогне да ја видите личноста со која сте во сосема поинакво светло.
Но, покрај добриот, сексот за помирување има и лоши страни, поради што во одредени ситуации треба да се избегнува.
Бидете паметни и проценете дали ви треба во животот.
Сексот за помирување не е исто што и помирувањето
Само затоа што повторно ќе ги збрчкате чаршафите не значи дека вашите проблеми се решени. Не мешајте две важни и различни работи: страста и решавање на проблеми кои повторно ќе се појават.
Сексот за помирување создава моментална врска
Можеби ќе почувствувате моментална поврзаност и здружување, но и среќа веднаш откако ќе доживеете оргазам.
Се заканува да стане модел на однесување
По секоја расправија може несвесно и ненамерно да се лизнете во шема која се повторува. Тоа не е долгорочно решение.
Може да се чувствувате многу полошо по сексот за помирување
Многу жени се чувствуваат уште полошо после секс по расправија бидејќи се чувствуваат понижено и лошо поради тоа што покажуваат слабост. Имајте го тоа на ум следниот пат.
Сексот на помирување никогаш не треба да се користи како средство за уцена
Сексуалната манипулација е непријатна работа. Не прибегнувајте кон тоа доколку сакате нормален и квалитетен однос со партнерот.