ДАЛИ ОД ВАКЦИНАЦИЈАТА ЌЕ ЗАВИСИ СЕДНУВАЊЕТО НА ДЕЦАТА ВО УЧИЛИШНИТЕ КЛУПИ: Какви се ставовите на експертите?
Имунизацијата против корона вирусот кај децата станува се поактуелна тема во светот, откако повеќе од 2 милијарди луѓе на глобално ниво се веќе вакцинирани против Ковид-19 и особено по студиите на Фајзер дека таа вакцина е ефикасна и безбедна и за оваа популација.
Во регионот, во Хрватска веќе започна вакцинацијата кај групата тинејџери, односно од 12 до 16 годишна возраст, но првично се вакцинираат деца со идикации, конкретно дечиња со некакво хронично заболување. Сепак, освен децата кои боледуваат од хронични болести, вакцина ќе може да примат и сите останати деца од оваа возрасна категорија, но само со задолжителна согласност од родителите.
Истовремено и педијатрите во Србија размислуваат да ја започнат вакцинацијата против корона вирусот кај децата, нагласувајќи тие апсолутно се залагаат за вакцинирање на деца од 16-годишна возраст, бидејќи повеќето од тешките клинички слики биле токму на таа возраст.