Дали помошта стигна предоцна: Луѓето во Индија умираат на улици, ковидот немилосреден
Црвениот крст започна „офанзива“ за да и помогне на индиската влада додека земјата се бори со рекордниот бран на инфекции со КОВИД-19 и смртни случаи кои ги преплавија нејзините здравствени системи.
Во вторникот, Индија пријави 323.144 нови случаи и вкупно повеќе од 17,6 милиони случаи. Индиското Министерство за здравство, исто така, пријави уште 2777 смртни случаи во изминатите 24 часа. Експертите велат дека тие бројки се веројатно многу поголеми.
Предизвиците со кои се соочува Индија денес, бидејќи случаите растат побрзо отколку на кое било друго место во светот, исто така се сочинети од кревкоста на нејзиниот здравствен систем и недостатокот на медицински персонал.
На Индија првично се гледаше како успешна приказна во надминувањето на пандемијата, но сега убива и се заканува на население од скоро 1,4 милијарди луѓе, а здравствениот систем е пред колапс.
Покрај недостатокот на кислород, единиците за интензивна нега работат со полн капацитет и се користат скоро сите респиратори. Како што расте бројот на жртвите, ноќното небо во индиските градови го осветлуваат погребни пири, бидејќи крематориумите се преполни, а телата се палат на отворено.