Дали пробиотици треба да се конзумираат само кога сме болни? Интервју со Александра Пренџова, нутриционист и технолог по исхрана

Добивај вести на Viber

Подуеноста, како и проблеми со столицата во вид на запек или опстипација, кои значат прекумерна акумулација на токсини во дебелото црево и нивно неисфрлување надвор, знаат да бидат чест проблем денес. Најлесно, ова би го регулирале со внесување на природни пробиотски култури, вели Пренџова

Александра Пренџова е дипломиран нутриционист и технолог по исхрана, вработена во Центар за внатрешни болести „СРЦЕ“, под раководство на кардиологот д-р Горан Николов. Посветена на здравиот начин на живот, таа вели дека е зависник од готвење здрава храна, од фитнес и од инстаграм. Пред седум месеци, Пренџова се реализира и како родител.

* Човечкото тело е сложено и во секоја фаза од животот му треба дополнителна нега и правилна исхрана. Сите би требало секојдневно да консумираме квалитетна и разнообразна храна, богата со нутритиенти. Од аспект на вашата струка, сметате ли дека правилното внесување на нутритиенти е предуслов за здраво тело, за здрав дух?

- Нутриентите се делат на макро и микро нутриенти. Макро или големи макро молекули се јаглехидратите, мастите и протеините. Додека пак, микронутриенти се витамините и минералите. Балансирана исхрана, во која ќе бидат содржани дневните препорачани количества на сите есенцијални макро и микро нутриенти, секако дека е клучна во одржување на доброто здравје и телото. Многу често, во пракса ќе слушнеме како генетиката е неправедно обвинета за вишокот килограми или некои други хронични незаразни болести, но сепак, главната причина за здрав начин на живот лежи во нас самите.

* Кога зборуваме за исхраната, неопходен е правилен внес на хранливи материи со цел да обезбедиме и подобра дигестија и варење на храната. Како нутриционист, какви намирници би препорачале за одржување на цревната флора и спречување на дисбаланс во организмот, кој знаеме дека најчесто е предизвикан од нездравата, брза храна?

- За добар баланс на телото, оптимално здравје и виталност, последните истражувања укажуваат на тоа дека принципот 80% - 20% се покажал како најкорисен. Тоа значи, доколку јадеме пет дена здраво во неделата, а два си дозволиме и некои нездрави работи, успешно би го одржале балансот и оптималното здравје. Воедно, за одржување на цревната микрофлора и здраво црево, неопходно е да се внесуваат диететски влакна и пробиотици и тоа најдобро е на природен начин преку храната, во која се природно содржани. Диететските влакна, кои пак се делат на сварливи и несварливи, му потпомагаат на телото добро да ја свари храната, да ја оформи столицата и да го чува нашето дебело црево здраво. Дневните препораки за внес на диететски влакна кои ние во СРЦЕ, како лидери во Македонија за хроно програмата, им ги кажуваме на нашите клиенти се 30гр на ден. Осигурете се да ги внесете преку „жива“ храна, а не индустриски преработени намирници бидејќи таму ги нема. Кога велам жива храна мислам на јаболка, зелен зеленчук, а пак пробиотиците се содржани во ферментирана храна како туршија, пробиотски и пребиотски ферментирани млечни производи, како Balans+ јогуртот,  ја имаат најважната улога во нормалното функционирање на цревната микрофлора и имунитет. Всушност, според последните препораки на светската здравствена организација, пробиотици се даваат на бебињата веднаш после раѓање.

* Кои нутритиенти ги содржат природните пробиотски култури? Зошто е корисно да ги консумираме, а особено производи кои содржат т.н. „добри“ бактерии, како што е на пример природниот пробиотски јогурт Баланс+?

- Подуеноста, како и проблеми со столицата во вид на запек или опстипација кои значат прекумерна акумулација на токсини во дебелото црево и нивно неисфрлување надвор, знаат да бидат чест проблем денес. Најлесно ова би го регулирале со внес на природни пробиотски култури, баш како оние што ги има во пробиотските производи Баланс +. Му давам предност над другите, затоа што содржи висока количина на млечни киселини и бактерии, богат е со протеини кои се главни градежни материи во организмот и најдобро од сè, е многу вкусен. Да нема забуна, не секој јогурт е пробиотски. Исто така, со редовно конзумирање пробиотски јогурт, се забрзува метаболизмот, се зголемува апсорпцијата на витамини и минерали и секако, се зголемува природниот број на добри бактерии во телото.

* По здрава, балансирана исхрана и природни пробиотици посегнуваме најчесто кога имаме проблем, сме болни, па сме на антибиотска терапија. Дали препорачувате редовна консумација на природни пробиотици и која е нивната превентивна функција во одржувањето на балансот во организмот?

- Секако дека да. Земањето антибиотици знае да ја оштети цревната микрофлора, па неизбежно е земање на пробиотик поради заштита на дигестивниот систем. Како што кажавме и претходно, нивната улога е голема во одржувањето на здрав дигестивен систем и треба да бидат застапени во исхраната подеднакво како и другите нутриенти, не само кога сме болни. Да не заборавиме дека пробиотиците влијаат на намалувањето на холестеролот, го помагаат варењето на храната и помагаат при дијареа. Млечните производи, особено ферментираните како кисело млеко и јогуртот, имаат големо значење во здравата исхрана. А ферментирани производи со плус пробиотски и пребиотски култури се прав функционален производ, кој го сметам за неопходен во одржувањето на доброто здравје и секојдневната исхрана.

* Природниот пробиотски јогурт е ферментиран млечен производ кој содржи низа полезни материи, како калциум, витамини, магнезиум, калиум, фосфор, протеини, но и пробиотски култури. За „лаиците“, може ли да ни објасните што всушност тие значат и како влијае олигофруктозата на нашиот организам?

- Така е.. Олигофруктозата е всушност пребиотик, а народски кажано пробиотиците не би можеле да ја вршат нивната работа без пребиотиците. Пребиотиците се неразградливи за организмот и се всушност шеќери, кои служат како храна за пробиотиците. На овој начин, се стимулира растот и функцијата на пробиотиците, а тоа е во корист на добрата функција на цревата. Она што го прави единствен Баланс + јогуртот е дека ги има и двете, а нивната важност е превенција од гастроинтестинални проблеми, пролив, запек, чир на желудникот, дијабетес, понатаму го подобруваат и зајакнуваат имунолошкиот систем, а исто така штитат од развој на некои видови малигни заболувања. Исто така, витамините Б6 и Б12, кои природно ги има во Баланс + јогуртот се многу важни за целокупното здравје на човекот и мозочната активност.

* Доколку се консумираат редовно, каков ефект имаат пробиотските култури кај трудниците и младите мајки?

- Во бременоста често знае да се јави проблем како опстипација, која знае да биде доста непријатна. Да не зборуваме за поголемата потреба за храна која е најизразена во последните месеци од бременоста. Во овие два проблеми, мене многу ми помогна Баланс+ киселото млеко кое го консумирав во текот на цела бременост, најмногу поради содржината на пробиотици во него. Баланс+ киселото млеко е составен дел од нашата исхрана, а од неодамна го консумира и нашиот син. Ми дава чувство на ситост, ме освежува и што е најважно, чувството на леснотија по негово јадење е она што ме тера да го купам пак.

Ѓ.С.