Дали сте доволно храбри да го пробате: Водечки тренд на шминкање во зимската сезона
Шминкерите едногласни!
Ви претставуваме тренд на шминкање по кој славните холивудски жени апсолутно полудеа.
Модата се врти во круг, а така е и во индустријата за шминкање. Трендот кој беше ултра популарен пред неколку години, повторно го презема водството.
Станува збор за вамп усните. Сите темни нијанси на кармин, од бургунд до сино-виолетова, доаѓаат во предвид за оваа сезона.
Шминкерите нагласуваат дека овој тренд треба внимателно да се прави, бидејќи дури и со најмала грешка, може да изгледате многу лошо.
Како прво, потребно е да ја одредите сенката што најдобро одговара со вашиот тен, за да не изгледате непроспиени. Исто така, не се препорачува да се носи во текот на денот. Шминкерите велат дека овој начин на шминкање, сепак, е резервиран за вечерните часови и некои повеќе свечени прилики.
Дефинитивно е тренд кој е за оние малку посмели дами. Дали вам ви се допаѓа?
ГАЛЕРИЈА: