ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ: На Балканот пристигнува вистинска зима која ќе донесе снег од над 30 сантиметри
Според најновото ажурирање на Европскиот метеоролошки модел (ECMWF), почнувајќи од 2 Ноември и во деновите што следуваат, територијата на целиот Балкан ќе биде зафатен од многу ладен бран кој ќе се спушти од северот и од североистокот на Европскиот Континент, пишува „Метеоаларм“.
- Во ваква ситуација, над Италија и јужен Јадран ќе се формира секундарен циклонски систем кој во склоп со ладниот воздух во многу предели од Балканот ќе ги донесе првите снегулки во многу градови за оваа сезона - појаснува метеопрогнозерот Славчо Попоски.
Тој нагласува дека во поголем дел од Балканот барем според информациите со кои располагаат досега ќе се формира снежна покривка од 5 до 10 cантиметри. Се очекува дека ннајпогодена од овој снежен бран да биде Босна и Херцеговина каде се очекува од 15 до 20 сантиметри снег во градовите, а над 30 сантиметри снег на планинските места.
Подетално читајте на Фактор тука.