Дали треба да ги казнувате и наградувате децата?

Добивај вести на Viber

Децата кои растеле по системот на награда и казна големи се шансите на крајот да прераснат во користољубиви и себични личности и воопшто да не развијат внатрешна мотивација која ќе ги тера да се движат наред во ситуациите каде не забележуваат директна награда за вложениот труд.

Кај ваквите деца воспитувањето е сведено на еден вид дресирање, па тие знаат што треба да направат за да ја добијат посакуваната награда.

Или пак да развијат бунтовност кон која често се води со извршување на постапки, на сопствена штета, предводени само од тврдоглавост.

Она што е уште поважно е дека тие воопшто не се свесни за тоа. Себичните луѓе не можат да забележат дека им недостасува великодушност, дека не ја почувствувале вистинската среќа на давањето, без да очекуваат нешто за возврат.

При средбите со великодушни луѓе, тие заклучуваат дека можат да ја искористат нивната наивност за остварување на сопствените цели и воопшто не го преиспитуваат тој концепт, бидејќи за нив великодушноста не е никаква позитивна карактеристика.

Концептот на казна и награда ја уништува внатрешната мотивација и ја канализира секоја човечка размена на ниво на его, а не на ниво на суштество.