Дали твојата телесна тежина одговара на висината? Одреди многу едноставно
Еден од најголемите проблеми на денешнината е постојано да ја држиме под контрола својата телесна тежина, кога водиме брз и стресен живот, преплавен со обврски и задачи, што претставува најнормален животен стил.
Дебелината е глобален проблем чија стапка и степен постојано се во пораст. Па како да знаеме дали спаѓаме во категорија на прекумерна телесна тежина или дебелина? Како да се избориме со тој проблем и како да ја одржиме телесната тежина во нормални граници?
Многу едноставно, постојат две методи со кои лекарите моментално одредуваат дали постои нарушување на твојата телесна тежина и те категоризираат зависно од степенот. Тоа се прави преку математичката формула за индекс на телесна маса (Body Mass Index) и преку мерење на обем на струк (Waist Measurement).
Индекс на телесна маса ИТМ (Body Mass Index)
Индексот на телесна маса е ориентациона метода која математички врз основа на тежината и висината пресметува вредност, која од табелата те сместува во одредена категорија.
Телесната тежина изразена во килограми се множи по квадратот на висината изразен во метри
ИТМ= Маса (kg) / Висина (m) x Висина (m)
Категории за возрасни установени според светската здравствена организација 2008
Зошто е значаен ИТМ?
ИТМ кој изнесува 30 или повеќе од 30 претставува ризик за развој на болести на срце и крвните садови, одмосно ризик за висок крвен притисок, висок холестерол во крв, срцев и мозочен удар и секако шеќерна болест.
Меѓутоа, со ИТМ не може со сигурност да се каже и да се постави дијагноза дека навистина се работи за дебелина или прекумерна телесна тежина. Тој е само ориентациски, скрининг метод кој дава идеја за физичката состојба на лицето,А за дијагноза лекарот ќе преземе дополнителни методи и испитувања, со кои ќе се опфатат повеќе параметри.
Затоа што формулата не ги опфаќа и другите параметри од кои зависи дебелината, како количина и распоред на масно ткиво и големина на мускулна маса. На пример луѓе што имаат голема мускулна маса ќе имаат висок ИТМ иако не се дебели, а кај стари луѓе кои имаат ослабена мускулатура и повеќе масно ткиво ИТМ може да биде низок и нерелевантно да ја пропушти дебелината.
Независно од резултатот, ако сметаш дека навистина имаш проблем со прекумерна телесна тежина или имаш прашања околу тоа, обрати се кај својот лекар, за дополнителни испитувања за да ти ја разреши дилемата.
Измери го обемот на струкот (Waist Measurement)
Како дополнителна метода која ќе ја надополни претходната,и ќе изнудат колку што е можно покомпатибилни резултати е мерење на големината на твојот струк.
Обемот на струкот е клучен елемент бидејќи масното ткиво околу стомакот носи значаен ризик за метаболистички болести како дијабетес мелитус тип 2 и кардиоваскуларни болести како: покачен крвен притисок, срцев и мозочен удар.
Како и ИТМ, одредување на обемот на струкот не покажува со сигурност дека ти навистина имаш нарушување со телесната тежина, само е показател.
Генерално,според светските guidelines, кај жени обемот на струкот треба да биде помал од 80 cm, а кај мажи под 94 cm, за да ризикот што го носи дебелината да се сведе колку што е можно на пониско ниво.
Еве како да го измериш својот обем на струкот:
- Заземи стоечка положба и со средството за мерење обвиткај ја половината (веднаш над колковите)
- Средството за мерење треба да е добро прилепено, но не силно да ја притиска кожата.
- Мерењето да се врши по издишување на воздухот, за да нема вовлечен стомак од вдишувањето.
Три фактори клучни за губење на килограмите
Врз тежината влијаат повеќе фактори вклучуваќи ги гените и хормоните, но станување дебел обично доаѓа од јадење многу повеќе калории од што е потребно. Телото ги чува неискористени и ги претвора во масти. Три сигурни фактори кои ќе ти донесат значајни промени се:
- Правилна исхрана (едуцирај се и консултирај се со твојот лекар за правилно внесување на јаглехидрати, масти и протеини во однос на нивната количина, вид и меѓусебен сооднос.
- Поголема физичка активност (кардио-аеробик активности и вежби за зајакнување на мускулатурата)
- Уживање во процесот (тоа е најбитното во целиот план. Промените што треба да ги преземеш не ги гледај како задачи и обврски кои треба да се завршат, туку како нов, поздрав начин на живот. Несомнено е дека ќе те исполни со повеќе енергија физичка и психичка што ќе те направи поблизок до семејството и пријателите, ќе ти го подобри изгледот што ќе се чувствуваш позадоволен од самиот себе и ќе ти даде самодоверба и ментална стабилност за донесување на други уште поголеми здрави животни одлуки.
За Женски Магазин, Христина Алаѓозовска, шеста година студент по општа медицина на Медицинскиот факултет во Скопје