Дали во животот се заљубуваме само три пати? Што мислите?

Луѓето велат дека во животот вистински се заљубуваме само три пати. 

Прва љубов 
Првата љубов најчесто се појавува во тинејџерските години и таа е невина љубов како оние љубовни приказни за кои читаме и ги гледаме на телевизија. Се впуштаме во љубовна врска за која сметаме дека тоа ќе биде нашата прва и единствена љубов. Понекогаш дури и врската да не функционира како што треба, луѓето прават сè  за да ја спасат врската и ги оставаат настрана своите желби, мислења и ставови.

Втора љубов
Оваа љубов е обично “тешка” љубов која нè учи на многу животни лекции за тоа кој сме и што сакаме од нашиот живот и каква љубов навистина бараме. Оваа љубов боли, полна е со лаги и заблуди, манипулации и солзи. Со втората љубов често пати ќе ја прекинете врската и повторно ќе влезете надевајќи се дека ќе успеете да променете нешто. Но, во суштина таа станува полоша и полоша и повеќе исполнета со драми и проблеми.

Трета љубов

Тоа е љубовта за која не се надеваме, која не ја очекуваме, бидејќи сметаме дека е потполно погрешна откако сме поминале низ бродолом од претходните врски. Овој вид на врска тешко може да се објасни со зборови, поради неа луѓето се подготвени да ги направат и најлудите работи. За прв пат партнерите се прифаќаат токму такви какви што се. Оваа љубов ги руши сите „предрасуди” поврзани за љубовта и се движи во правец кој ни одговара нам и на нашите потреби.