Дали животот без деца на 40 и 50 е подобар-прашува актерката која сними видео за животот на жена без деца
Холивудската комичарка Челзи Хендлер неодамна на своите социјални мрежи сподели скеч-видео „Еден ден од животот на жена без деца“, на сатиричен начин прикажувајќи како општеството ги замислува животите на дамите кои не станале мајки, ниту по избор, ниту по комбинација на околности.
„Се будам во 6 часот наутро, но потоа ми текнува дека немам деца да ги носам на училиште. Затоа земам колаче со марихуана, мастурбирам па се враќам на спиење. Се будам пак во 12:30 и се подготвувам за напорниот ден во кој ќе си правам што сакам“, гласи на почетокот на скечот на славната 47-годишна жена.
Челзи наскоро почнува да се фали за тоа како носи елегантни, иако непрактични штикли, сето тоа затоа што не мора да брка деца по цел ден. Потоа споменува како ќе оди во Париз да купи кроасан, а како ќе оди и на Монт Еверест на кратко пешачење. Комичарката посочува и дека ќе медитира во авионот, се затоа што околу неа нема деца кои врескаат. Таа не заборави ниту на ноќното излегување, нагласувајќи како има слобода да излегува и да има односи со кого сака.
@chelseahandler Just another child-free day.
original sound - Chelsea Handler
Таа ова сатирично видео го поентираше со изјава за тоа како пронашла временска машина со чија помош патувала назад во времето и го убила Хитлер. „Неверојатно е што можете да направите кога имате толку слободно време“, заклучува Челзи во видеото.
И покрај тоа што целиот скеч е обоен со јасна хипербола, а служи како своевидна критика на оние кои не го прифаќаат изборот на жените да немаат деца, оваа комичарка се најде на удар на прилично агресивни коментатори.
„Ова е навистина тажно“, „Да, навистина го живееш животот најдобро што можеш, нели? Само да бидам јасен, затоа што очигледно тоа треба да го кажат родителите, јас не би заменил 10.000 од твоите наводно безгрижни денови без деца во Париз и спиење до пладне за една насмевка на моето девојче“, „Таа всушност ги оцрнува оние што имаат деца на овој начин. Ги исмејува. Мислев дека идејата дека некои луѓе мразат деца е глупава, но тоа изгледа има вистина во тоа“, „Јасно е дека оваа жена не ужива во себе“, се само дел од коментарите.
@chelseahandler Any questions?
original sound - Chelsea Handler
Хендлер решила да не молчи за ваквите напади, па им одговорила во следното видео: „Зошто воопшто да имам свои деца кога постојано ги слушам овие плачковци? Ти ми делуваш како тригер!“
ФОТО: Screenshot instagram