Дали знаете кои се благородните дејства на лимонот?
Лимонот помага при детоксикација на организмот, го подобрува имунолошкиот систем, го чисти уринарниот тракт, и помага за слабеење.
Направете сок од лимон и во него чувајте ги ноктите десетина минути. Овој третман ќе ви ги осветли и зајакне ноктите.
Нанесете сок од лимон на лицето за да ја нахраните вашата кожа, да ја просветлите и освежите. Сокот од лимон е еден од најмоќните природни препарати за нега на кожата. Често се додава во најразлични креми, лосиони и маски, а неговиот силен ефект е докажан и во нега на коса, заби и нокти.
Сокот од лимон е одличен начин за на природен пат да ја осветлите косата, односно да и го вратите сјајот. Растворете 50 милилитри исцеден сок од лимон во 200 милилитри вода и нанесете го на косата. За подобар ефект нанесете го овој раствор врз косата одреден временски период пред да излезете на јако сонце.