Моден фокус // Трендови
Дама на 62 години: Мелани Грифит во најбараниот фустан за ова лето
Холивудската
актерка Мелани Грифит е уште една во низата познати жени кои покажаа дека слип
фустанот е секогаш добар избор и дека со право е најбараното парче ова лето
кога е модата во прашање.
Поранешната сопруга на Антонио Бандерас е фотографирана во Лос Анџелес на средба со ќерката Дакота Џонсон. Грифит на 62 години изгледа одлично. На социјалните мрежи во повеќе наврати покажа како вежба, а неодамна пријатно ги изненади фановите со нејзината витка става кога папараците ја уловија во бикини.