Данијела Мартиновиќ по којзнае кој пат го освои Скопје: Ерупција од емоции
Во Македонската филхармонија, македонската публика после подолг временски период премиерно и ексклузивно имаше можност да се дружи и да ужива во рефрените на популарната хрватска пејачка Данијела Мартиновиќ, во организација на Авалон продукција.
Така беше и овојпат.
Мартиновиќ стана позната како пејачка на групата „Магазин“, наследувајќи ја Лилјана Николовска. Има снимено осум студиски албуми. Во 1998 го освои петтото место на Евровизија во Англија со песната „Нека не ми осамне“ (Нека ми не сване). Мартиновиќ е авторка и на три книги и една сликовница за деца.
Атмосферата еруптираше, сите пееја во еден здив, а Данијела не го криеше задоволството што е пред македонската публика. И вториот концерт веќе ѝ е распродаден. „Се чувствувам како дома“, рече пејачката со фантастичен глас и мелодии.
А, еве како беше низ фотографиите од фотографот Вангел Тануровски: