ДАНСКИ ПРИМЕР: Еве како ги растат децата

Добивај вести на Viber

Центарот за развој на децата од Масачусетст направи истражување кое треба да открие има ли врска меѓу играњето на децата и начинот на кој ги решаваат проблемите. 

Сепак врска има меѓу овие две работи. Колку повеќе си играат децата, толку се поспособни да решаваат проблеми и да ги подобрат меѓучовечките односи. 

Играта помага на животните вештини. 

Доволно е да се погледне низ прозорец и да се видат деца кои се качуваат по пречки, на дрвја, и при тоа имаат контрола да не паднат. 

Друштвените ситуации кај детето создаваат стрес. Но, преку игра децата може или да имаат конфликти или да соработуваат. 

Во игрите нема претерани пофалби. Децата пред да почнат ги договараат правилата на игра, а потоа може и да се откажат. 

Во данското сфаќање за тоа што е детство клучна улога има играта. 

Во училиштата има програми кои поттикнуваат игра, спорт и вежби. 

Со овие игри се зголемува самоконтролата и се намалува насилството меѓу врсниците. 

Така е во Данска, земја со пет милиони жители. 

Затоа создадете опкружување кое мотивира, нека си играат деца од различни возрасти, дозволете им да бидат слободни и да истражуваат на отворено.