Давид Темелков правеше свадба во Скопје: Раскошна венчаница за невестата Елена
Поп-пејачот Давид Темелков вчера направи свадба со својата избраничка Елена Јунг, позната хрватска водителка, која е од Истра.
Иако во план биле две свадби, сепак на крај двојката се реши да прави свадба во Македонија. Венчаницата е купена уште пред пет месеци, откри Елена за хрватската Глорија:
„Се договоривме нашата свадба да ги обедини Хрватска и Македонија и нашите традиции. На почетокот планот беше едната свадба во Истра, а другата во Македонија, но на крајот сите се договоривме дека ќе биде во Македонија и тоа не беше моја иницијатива, туку од страна на невестата“, открива Давид во интервјуто.
Најпрвин се венчаа во црквата Св. Богордица во Скопје, а потоа заминаа во хотел каде ги чекаа бројни гости.
Невестата носеше раскошен фустан како од бајки и беше навистина посебна, а Давид вистински џентлменски облечен. Групата Молика им пееше на свадбата, а Давид на Елена ѝ ја испеа песната Илузија.
Фото: Инстаграм