Децата кои ќе настапат на Поточиња ги подготвува пејачката Сара Мејс и продуцентот на фестивалот Мирослав Пап

Добивај вести на Viber

Детскиот фестивал „Поточиња“ на 24 и на 25 март во МОБ 

Детскиот фестивал „Поточиња“ годинава слави 15. годишен јубилеј. Фестивалот, кој традиционално се одржува во март и ја најавува пролетта, годинава ќе понуди шест претстави. Ќе се одржат по три претстави на 24 и на 25 март во Македонската опера и балет од 11, 13 и од 19 часот. „Поточиња“ најавува 15 нови песнички со детска содржина, и се надеваат дека и тие, како и претходните ќе се слушаат во градинките и на детските родендени. Приказната на фестивалот трае од 2004 година. Билетите се продаваат на билетарата на МОБ, Југотон и онлајн на jugoton.mk. по цена од 200 денари.