Дефинитивно најбитна ѝ е удобноста: 3 комбинации на Емина Јаховиќ во кои секоја жена изгледа помладо (ФОТО)
Важи за една од
најдобро стилизираните жени на балканската естрада, па нејзините лежерни комбинации можат да ви послужат како инспирација
Пејачката Емина Јаховиќ важи за една од најдобро облечените јавни личности на поранешните ЈУ простори. Таа е инспирација за многу жени, па секое парче што го носи постојано се следи.
На Инстаграм таа сподели неколку фотографии од нејзините стајлинзи, а под тие објави пристигнаа коментари и пофалби за тоа колку добро и младешки изгледа.
Издвојуваме 3 комбинации на Емина Јаховиќ кои можат да послужат како инспирација:
1. Панталоните со широки ногавици кои пејачката ги искомбинирала со интересна маичка која има овално деколте, како и ракави кои паѓаат на надлактиците се топ комбинација за топлите летни денови.
Панталоните одлично се вклопуваат со маицата бидејќи на нив имаа бели детали кои само го надополнуваат нејзиниот изглед.
2. Широки тексас панталони искомбинирани со беж кошула, е секогаш добар избор, бидејќи овие две бои се надополнуват една со друга. Дополнителни на целиот аутфил пејачката ставила црн ремен, со црни влечки од модната куќа Гучи.
Тренди комбинација за вашето попладневно кафе со пријателките.
3. Интересните мачкини очила кои одлично се совпаѓаат со необичната апликација на нејзината широка бела маичка се доминантниот дел од нејзиниот лежерен аутфит. Пристојното ланче, фармерките, пуштената коса и црниот ремен совршено се совпаѓаат со целото издание.
Фото: Инстаграм - Емина Јаховиќ