Декемвриската пензија од Халкбанк ќе легне порано

Добивај вести на Viber

Со цел да им излезат пресрет на примателите на пензии, од Халкбанк соопштија дека декемвриската исплата ќе легне овој месец порано.

На 30 декември сите пензионери кои пензијата ја примаат од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на сметка во Халкбанк АД Скопје ќе ја добијат тој ден.

Оваа одлука доаѓа и по повод на претстојните празници додека веќе од следниот месец пензиите ќе се исплаќаат како и претходно, односно на 1 во месецот.