Деми Мур како божица на префинетиот изглед во совршена комбинација за сите жени на возраст од 50+: Неверојатно е практичен - може да се носи и во свечени прилики, но и на работа
Деми Мур се појави на промоцијата на серијата „Feud: Capote vs. The Swans“ во многу едноставна, но беспрекорна комбинација на која тешко се наоѓа мана.
Холивудската актерка блесна во деловен, елегантен комплет кој е идеално модно решение за сите жени постари од 50 години.
Овој софистициран комплет е многу практичен – затоа што со вистинските аксесоари може да изгледа многу елегантно и префинето, а е адекватен за свечени прилики, додека со рамни чевли и помалку упадливи додатоци може да се носи на деловни состаноци и ручеци и слични обврски.
Згодната 61-годишна актерка го најде совршениот начин да додаде глам допир на целата облека, комбинирајќи ја со црни лакирани чевли со високи потпетици, блескава нараквица и обетки од црни скапоцени камења. Црниот фасцинатор со мрежа беше ѕвезда на камбинацијата т и заокружи сè на вистински начин.
Фото: ИнстаграмИзвор: Zena.blic.rs