Денес задолжително погледнете во небото: Се празнува Св. Лука, еве што друго треба да направите
Македонската православна црква и нејзините верници денеска го слават Свети Лука - Светиот апостол и евангелист Лука, а многу домаќини слават именден. Многу убави и интересни народни верувања се поврзани со овој светител и неговиот празник.
Свети Лука денеска лекарската фела го слави како заштитник на лекарите и медицинските лица, а православните верници веруваат дека неговите мошти имаат чудотворна моќ да ги лекуваат и најтешките болести. Самиот свети Лука се лекувал бесплатно. Нашите постари верувале дека токму на овој ден, ќе ни кажат каква зима не чека.
Кај домаќинствата било обичај на овој ден да ги пуштаат овните за да ги туркаат овците. Без разлика дали овците се пнатегале или не, нашите предци верувале дека зимата ќе биде долга, сурова и тешка. Ако не ги одбијат овните, се верува дека зимата нема да биде долга и дека пролетта ќе дојде порано. Домаќините на овој ден ги честат своите овчари на кои им носат пити.
Се верувало и дека ако домаќинот рано утрото на овој ден отиде да го види трлото и доколку ги види животните како лежат, такава ќе биде и зимата - ако паднале нозе, се верувало дека зимата ќе биде сурова, а годината лоша, а ако ги подвиткале нозете, верувале дека ќе има блага зима, добра година и уште подобра жетва.
Во некои земји како што е Србија на овој ден има обичај да се врзуваат бачилата со црвен конец за да не влегуваат волци во нив и да го заколат добитокот. Во Црна Гора луѓето веруваат дека стапалото на Свети Лука, кое се чува во тамошниот манастир, го лекува видот.
Фото: Freepik/ denovi.mkИзвор: Zena.blic.rs