Денес завршува караванот на претставата “Хумана Приказна”
Изминатиот
месец низ неколку градови во Северна Македонија се одржа караванот на претставата
“Хумана
Приказна”, во
режија на Бесфорт Идризи и автор Кaтерина Момева, која
е дел од проектот „Мој
Омбудсман – театарот како метод за зголемување на основните човекови права“, во
продукција на Онлимит Медиа и во партнерство со Народниот правобранител.
Претставата ја посетија над 1.000 граѓани, а во неа истите земаа и активно учество, дискутирајќи на повеќе теми од областа на човековите права и како до нивна заштита заедно со претставници од канцеларијата на Народниот правобранител.
“Институцијата Oмбудсман годишно постапува по околу 4.000 претставки, можеби и повеќе, меѓутоа никогаш помалку од 35.00. Ова се јавни податоци објавени на www.ombudsman.mk , но достапни се и на увид, за секој заинтересиран годишните извештаи кои ги доставуваме до Собранието. Во однос на индивидуални претставки, во 80 проценти од случаите успеваме да помогнеме граѓаните да ги остварат своите права, но она што загрижува е фактот на непромената од страна на надлежните органи по општите констатации и препораки од Омбудсманот, зашто, како што се виде и во претставата “Хумана Приказна”, укажуваме на многу болни случаи, ситуации кои се тажни приказни, независно дали се работи за право за заштита при работа, социјална заштита, недискриминација, повреда на правата на осудените, на потрошувачите и слично. Нашата тенденција не е само да им помогнеме на граѓаните индивидуално да ги остварат правата, туку и за оние права на поголема група граѓани. Тука државата, органите, се уште не наоѓаат време да го променат својот однос по препораките од наша страна” – Изјави г-ѓа Васка Бајрамовска-Мустафа, претставник од канцеларијата на Народен Правобранител.
Вечерва ќе се одржи последната претстава планирана од караванот на “Хумана Приказна”во Кочани, Културен Центар “Бели Мугри”, со почеток во 20 часот. Влезот е слободен за сите граѓани кои потоа сакаат да се вклучат во дискусија со претставник од Омбудсман.
“Концептот на “Хумана Приказна” е така добро срочен, што мислам дека оваа претстава, не само во неколку градови во државата, мора да биде прикажана пред пошироката популација, а ние како институција да ја дисперзираме." – изјави г-ѓа Васка Бајрамовска-Мустафа
Караванот на претстави, се одржи низ неколку градови низ Македонија, и тоа: Скопје, Куманово, Велес, Битола, Крива Паланка, Тетово, Гостивар, Свети Николе, Неготино и Кочани. Повеќе информации околу караванот може да погледнете на фејсбук фан страна https://www.facebook.com/moj.ombudsman/.