Денеска е Свети Пантелејмон: Добро е да направите една работа

Денеска се слави Свети Пантелејмон, големиот маченик и исцелител. За него се врзува интересна животна приказна но и обичаи во кои се верува и денес. Најголемо внимание треба да обрнат оние кои тргаат на пат. 

Се верува дека секоја работа денес, Свети Пантелејмон ќе ја благослови и ќе ја направи успешна, и кој се подготвува за патување, треба да започне уште денес.

Овој познат лекар живеел во четвртиот век од нашата ера.

Свети Пантелејмон бил голем патник, а денес е заштитник на сите возачи и оние за кои патот е втор дом. Приказните велат декаовој светец управува со ветровите и дека така го продолжува патот низ целиот свет.

Ако на денешн ден, двајца непознати се сретнат во црква со славски колачи во рацете, задолжително треба да се бацат и да си го честитаат празникот. 

Родум од Никомидија, од мајка христијанка и татко незнабожец. Мајка му се викаше Евула, а татко му Евсторгиј. Како момче ја изучи лекарската наука. Свештеникот Ермолај го повика кај себе, го научи на верата во Христа и го крсти. 

Пантелејмон чудотворно излечи еден слеп кого другите лекари залудно го лечеле: го излечи со името на Христос и го крсти. Од завист лекарите го обвинија дека е христијанин, па Пантелејмон излезе на суд пред царот Максимијан. „Со телото застана пред земниот цар, а со умот стоеше пред Царот небесен“. Тој слободно изјави дека е христијанин и пред очите на царот излечи еден фатен човек од долгогодишна болест. Ова чудо привлече кон Христа многубројни незнабошци. Царот го изложи Пантелејмон на маки, но Господ му се јави на светителот неколкупати и го избави цел и неповреден. Тогаш пострада и свети Ермолај заедно со Ермип и Ермократ. Кога беше осуден на смрт, Пантелејмон клекна на молитва. Во тој миг џелатот го мавна со меч по вратот, а мечот се скрши како да беше од восок. Џелатот не можеше да го погуби додека светителот не ја заврши својата молитва и самиот не кажа да го заколат. Неговите мошти станаа исцелителни. Свети Пантелејмон беше заклан под некоја маслинка, која потоа целата се закити со плод. Името Пантелејмон значи „семилостив“. 

Семилостивиот Бог ја прими неговата праведна душа и го прослави меѓу Своите големи светители. Овој прекрасен маченик пострада чесно за Христа во својата младост, на 27 јули 304 година. Свети Пантелејмон се повикува при молитвите на водосвет и маслосвет заедно со свети Ермолај и останатите бесребреници и чудотворци. Најубавиот храм посветен на овој светител се наоѓа на Света Гора.

фото/извор:denovi.mk