Денот го почнувам и го завршувам со позитивна мисла: Утринско кафе со Милијана Васојевиќ

Не сум од тие што сакаат многу да спијат и затоа се будам рано, околу 6 часот. Потоа ги будам децата и ги спремам за градинка и училиште. Од кога ке ги испратам сите, тогаш ми започнува денот. Доручек и кафе во мир и тишина, сама со себе. После тишината следи музика. Изборот ми зависи од расположението. Понекогаш слушам Еx Yu, а некогаш стара италијанска и омилениот Аdriano Celentano.

Дневните обврски сама си ги одредувам. Не сум обврзана со класично одење на работа, што е огромна привилегија во денешно време. Посветена сум на семејството, на куќата, на креирањето, одмарањето, играње со децата, прошетки и ред  други работи кои ме прават среќна и ми го исполнуваат денот. Овој период сум посветена и  на работата како ментор по моден дизајн во Кариера Плус - центар за креативни курсеви. Предавањето е работа што ме исполнува, амбиентот е пријатен и релаксирачки, студентите се прекрасни, а јас сум и повеќе од задоволна.

Најголема мотивација ми се моите деца и затоа им се посветувам максимално. Со сопругот Бојан се трудиме да им го овозможиме најубавото и најбезгрижно детство. Исто така ме мотивира и мојата слобода, да можам да правам што сакам и кога сакам.

Денот ми трае цели два дена, за време на училиште и после училиште. Во првиот дел од денот јас сум сам свој газда, а во вториот дел сум под тотална окупација од страна на моите деца. Тогаш сесе врти околу нив и нивните потреби. Навечер многу често знаеме да најдеме време да се дружиме со драги пријатели и нивните деца. Си организираме опуштени седенки, децата си играат и сите сме среќни. Кога сме сами дома, вечерите ни се од секаков тип, некогаш мирни со филмче (претежно анимиран), некогаш хаотични, секогаш различни.

Како што сакам наутро да се разбудам прва, исто така сакам и навечер да си легнам последна. Да си се одморам пред спиење со убава книга или добар филм, по можност комедија. Имам свое правило, никогаш да не гледам или да читам лоши работи пред спиење. Затоа се трудам да го завршам денот со позитивна мисла.

*Милијана Васојевиќ-дизајнер