Дерма Бела одбележа јубилеј-30 години безвременска убавина
Во присуство на доктори, фармацевти,претставници од бизнис заедницата, новинари и личности од јавниот живот Дерма Бела го одбележа својот 30 годишен јубилеј во Скопскиот хотел Лимак.
Три децении неуморна работа, посветеност и желба за напредок. Од пионер во естетската медицина, денеска Дерма Бела е единствениот центар во Македонија во кој се спојуваат медицината и козметиката. Успехот на Дерма Бела се должи на големата посветеност, љубов и континуирана едукација на целиот персонал.
,, Во приватниот бизнис се успева само со визија и упорност. Важна е идејата,но многу поважна амбицијата и реализацијата. Голема подршка имав од семејството и од нашите ценети клиенти, кои секогаш се подготовени за новини и иновации во козметологијата и естетската медицина. На сите млади луѓе, но и на дамите ќе им порачам да се негуваат, да користат квалитетна козметика и да внимаваат на себе. На сите вас драги луѓе ќе ви се заблагодарам за довербата, времето и вечерашното присуство ”- порача пред присутните гости, основачот на Дерма бела, д-р Весна Ѓоргиеска.
Денеска и во двата центри на Дерма Бела работи високо стручен и професионален персонал, кој постојано ги надградува сопствените знаења посетувајќи ги светските семинари и обуки за новости и трендови во козметологијата и медицинската естетика.
М-р Фросина Ќудина рече дека за неа како менаџер на Дерма Бела е голема обврска и одговорност да продолжи по истата патека на квалитет и професионалност.
,,Најголема среќа се задоволните клиенти, но и секоја иновација која ја носиме од светските конгреси. Сепак, кога имам ветер во грб од докторите и тимот од Дерма Бела се е полесно. Од име на целиот персонал сакам да посакам да останеме во добро здравје во 2024, да имаме добра мисла и да не заборавиме дека убавината доаѓа од внатре, од самата личност. И точно затоа максимално ќе се посветиме на регенеративната медицина, која се заснова на автолошка регенерација на ткивото и ветува природно подмладување , свеж и природен младешки изглед, во областа на естетската дерматологија, регенерација на рскавично ткиво во ортобиологија и спортска медицина, како и регенерација и помош при ИВФ во гинекологија”пораќа м-р Ќудина.
Тимот на Дерма Бела е најголемиот адут, нивната посветеност, стучноста и професионалноста.Најлојалните вработени според стаж во компанијата добија и признанија, кои како што рекоа се дополнителен мотив за нив и одговорност за иднината.
Почетоците на Дерма Бела датираат со отворањето на првиот козметички салон во Прилеп,кој и во тоа време работеше со светски брендови.Низ годините студиото Bellezza се проширува и отвара нова работна единица Дерма Бела Медицинско Естетски и Ласерки Центар, лоциран во Скопската населба Капиштец.Во 2012год. Дерма Бела го проширува својот бизнис во областа на фармација и отвора Дерма Бела Веледрогерија дистрибуирајќи ги најпознатите брендови во естетската медицина кои станаа достапни за докторите во Македонија.
*пр-објава