Десет лоши навики кои ви ја трошат енергијата
Еден од најдобрите начини да ја зголемите продуктивноста е да ги отстраните лошите навики кои ви ја трошат енергијата.
1. Дехидрација
Без доволно количина на вода, вашата крв станува поретка и бара од срцето поголеми напори за да може да цирукулира. Исто така крвта нема да може да пренесува кислород, а краен резултат е уморот.
2. Си легнувате доцна
Истражувањата покажале дека најпродуктивен е сонот меѓу 22ч и 1ч. Ако секое утро се чувствувате дека треба аларамот да го одложите за подоцна, тогаш порано одете на спиење.
3. Недоволна физичка активност
Кога се чувствувате недоволно добри за рекреација, сепак обидете се да го направите тоа. И најмалата физичка активност може да ви го подигне нивото на енергија.
4. Недостаток на железо
Доколку избегнувате да конзумирате храна како што се јајца, бел дроб или црвено месо, намалената енергија може да биде резултат на недостаток на железо.
5. Поставување на високи стандарди
Поставувањето на високите стандарди ни ја исцрпува енергијата. Важно е да размислувате рационално, а не да поставувате нерелани цели.
6. Прескокнување на појадокот
Многу луѓе го прескокнуваат појадокот за да одржуваат линија. Меѓутоа, овој потег може да ви го уништи денот. По мирувањето во текот на ноќта, на вашиот организам му се потребни калории за да прозиведе енергија.
7. Стандардна „американска“ исхрана
Брзата храна може да биде добра доколку имате турблентен ден, но факт е дека работи против вас. Големата количина на хемија која се наоѓа во таквата храна ви ја троши енергијата.
8. Задоволување на другите
Потребата да ги задоволите другите луѓе е добра особина, но тие тоа често знаат да го злоупотребат. Обидувајќи се да ги задоволите другите си ја трошите психичката и физичката енергија.
9. Неред
Неуредениот простор бара поголем физички напор. Барањето на работите во нередот ви ја троши енергијата.
10. Недостаток на одмор
Напорната работа без одмор доведува до исцрпеност. Потрудете се фокусот да го ставите на рабоите кои ве прават позитивни и кои ви пружаат задоволство.