Детето доби отворени рани и изгореници по лицето од ова овошје: Неутешна мајка со предупредување до родителите (ВИДЕО)
Една неутешна мајка решила да ги предупреди другите родители откако сокот од лимета предизвикал тешки
изгореници на лицето на нејзината ќерка.
Сабрина Милер пред играта со ќеркичката ѝ нанела многу крема за сончање на лицето. Девојчето по име Кејли си играла на сонце кога лицето почнало да ѝ гори, наеднаш почнале да ѝ се појавуваат големи плускавци.
„Плачев и се прашував што се случува со неа“, рекла загрижената мајка.
Таа потоа откри дека нејзината ќерка добила изгореници поради хемикалиите во некои намирници како лимета, лимонот, целерот и анасонот.
Таквата реакција на кожата се нарекува „изгореница од маргарита“. Одредени хемикалии кои се наоѓаат во оваа храна реагираат со кожата и ја зголемуваат чувствителноста на сонце. Пред да ја нанесе кремата за сончање, Сабрина користела агруми, односно цутрисни овошја.
И таа самата ги добила овие изгореници кои ги опишува како плускавци од врела вода.
„Ако некогаш сте ги изгореле рацете под топла вода, или со пареа, или нешто слично, тоа е такво чувство“, рекла Сабрина.
Дерматолог го објасни овој феномен за изданието „Inside“.
- Цитрусното овошје содржи една состојка која ја подобрува чувствителноста на кожата на сонце. Откако ќе се активира, може да поминат 24 часа за состојбата да се врати во нормала, дури и ако ја измиете кожата - изјавила д-р Дорис Деј, пренесува Објектив.
Фото и Видео: Youtube
Исповед на еден татко: „Еднаш, цел еден ден бев мајка - за малку ќе полудев!“