ДЕТОКСИКАЦИЈА НА ОРГАНИЗМОТ: По празниците направете ги овие работи

Добивај вести на Viber

Прејадувањето на велигденските празници лошо влијае не само на вашата фигура туку и на кожа на лицето.

Посебно ако повеќе време сте поминале во зачадени простории, со луѓе кои пушат. Секако, не сакаме да кажеме дека мора да се откажете од празничната храна и да се фрлите на жесток тренинг, но овие 5 работи секој од вас може да ги направи и така да го забрза метаболизмот и да изледа и да се чувствува подобро.

Течност

Во текот на денот пијте литар и пол вода со малку свежо исцеден лимон

Маска

Изморената кожа на лицето нахранете ја со хранлива маска - ако немате купена, едноставно е да се направи од јогурт, малку банана и лажичка мед или маслиново масло измешано со жолчка.

Физичка активност

Тргнете во брза прошетка - половина час е доволно, а ако имате слободен час , поминете го во прошетка на свеж воздух. Тоа ќе ви помогне да се спасите од надуеноста и да го забрзате метаболизмот, а кожата повторно ќе изгледа здраво.

Внесувајте овошје

Јадете овошје. Знаеме дека веројатно мислите - „Кој би јадел овошје покрај овие колачи“?, Но верувајте ни', витамините ви се потребни повеќе отколку што мислите. Портокалите и мандарините се одличен избор бидејќи се полни со витамин Ц.

Кратки вежби

Направете 30 скокови jumping jack . Тоа ќе ја поттикне циркулацијата и ќе ја врати бојата во вашите образи.