Девици-посветете се на себеси, Шкорпии-ве мачи љубомора: Неделен хороскоп 16-22 септември

Ѕвездите имаат планови за вас...

Овен

Ова е многу интересен период бидејќи се отвораат некои нови деловни приказни кои со нетрпение ги очекувавте претходно. Емоционалната ситуација ќе биде подобра во моментот кога ќе научите многу повеќе да го почитувате она што вашиот партнер го кажува и она што тој го предлага.

Бик

Пазете се од ненадејни деловни пресврти бидејќи личноста под знакот Лав е подготвена на се за да го добие она што го сака. Личноста под знакот Овен е одлична деловна поддршка за вас и тоа треба да го сфатите здраво за готово. Можни проблеми со грлото.

Близнаци

Ситуацијата во семејството се стабилизира благодарение на сработеното, а тоа е добра комуникација и добра енергија. Ситуацијата во компанијата каде што работите е многу подобра од порано благодарение на тимската работа.

Рак

Месечината го активира вашето поле на тајни и озборувања, затоа внимавајте на наглите промени во кругот на таканаречените пријатели. Не дозволувајте партнерот да се однесува со вас арогантно или непромислено затоа што вие не го заслужувате тоа. Здравјето е одлично.


Следна страна