Девојка со карцином советува како да ја избегнете страшната дијагноза
Има само 23 години и има рак. Оваа девојка открива што придонело за тоа да ја добие оваа тешка болест и ве предупредува да не го правите истото. Ви пренесуваме дел од нејзината исповед која таа ја објави за сајтот „Elite Daily“
Во февруари пред две години ми беше дијагностициран меланом, кој е метастазиран во четврти стадиум. Никогаш не сум мислела дека тоа е нешто со што ќе се соочам на само 23 години. Еве ме, речиси заздравувам и живеам во иста соба во куќата на родителите каде и пораснав. Секогаш бев доста внимателна кога станува збор за изложување на сонце. Само еднаш сум била на солариум. Една единствена бемка на мојата глава промени сè. Го одложував одењето на лекар, бидејќи се плашев, додека не ми кажаа дека повеќе не можам да излегувам надвор. Чувствував дека со моето тело нешто не е во ред. Многумина го немаат овој луксуз, додека не стане предоцна. Кога разбрав што ми се случило целосно го прекинав контактот со сите. Не сакав да ме сожалуваат. Физички се чувствував добро, но психички - бев во тотален хаос. Се плашев. Не од игли и скалпер, туку од резултатите. Дали ќе живеам доволно долго за да имам деца? Операцијата, која требаше да трае три часа - траеше седум. Ми ги отстранија сите 69 лимфни јазли на левата страна на вратот. Во четири од нив веќе беше се имаше развиено рак. Потоа отидов и на хемотерапија. Се надевам дека тоа ќе им помогне на сите, да се одлучат навремено да побараат лекарска консултација и преглед. Само еден од пет Американци добиваат дијагноза рак на кожата еднаш во животот. Чувајте ја својата кожа, бидејќи нема можност да се добие друга.