Девојките тагуваат по Чак Бас: Ѕвездата од „Gossip Girl“ и кажа „да“ на саканата – Свадбата траеше 3 дена во Италија

Добивај вести на Viber

Ед Вествик, најпознат по улогата на Чак Бас во серијата „Gossip Girl“ и неговата долгогодишна девојка Ејми Џексон се венчаа во Италија. Парот сподели фотографии од романтичната церемонија со натпис: „Патувањето само што започна“.

Ед Вествик, ѕвездата на серијата „Gossip Girl“ и Ејми Џексон влегоа во брачните води, а фотографиите од магичната венчавка во Италија ги преплавија социјалните мрежи.

Ејми изгледаше хипнотизирачки во прекрасна бела тоалета со нежен превез до подот. Во раката носеше букет бели рози. Ед се одлучи за класична црно-бела комбинација.

View this post on Instagram

A post shared by Ed Westwick (@edwestwick)

Првата фотографија од свадбата ни даде поглед на неверојатниот декор - целиот простор беше исполнет со бели цветови.

Да потсетиме дека Ејми Џексон и Ед Вествик се верија во јануари годинава на скијање. Запросувањето беше крајно романтично, тој клекна на едно колено, што ја воодушеви неговата убава избраничка.

View this post on Instagram

A post shared by Vogue Italia (@vogueitalia)

Свршувачката беше прославена со вечера за пријатели во Лондон.

По тој повод Ејми влегла во салата држејќи го својот син за рака. Инаку, сопругата на Ед Вествик има дете со поранешниот партнер Џорџ Панајоти.

Ед и Ејми ја официјализираа својата врска во 2022 година, а ѕвездата од „Gossip Girl“ оттогаш не престанува да ја споделува љубовта кон својата убава сопруга на социјалните мрежи.

Фото:Инстаграм
Извор: Zena.blic.rs