Диета според крвна група во која „се колне“ Елизабет Харли: Благодарение на оваа исхрана, таа е толку витка (МЕНИ)

Добивај вести на Viber

фото:Profimedia

Ефективен начин за слабеење

Оваа диета може да ни помогне да останеме здрави, да се чувствуваме добро и да одржуваме витка линија. Диетата за крвна група е создадена од нутриционист Питер Ди Адамо, и таа брзо покажува позитивни ефекти.

Многу луѓе ширум светот, вклучувајќи ја и Елизабет Харли, ја регулираат својата тежина со оваа диета.

Еве што треба да знаете за оваа диета, која храна е пожелна, а која е на забранетата листа.

Постојат 4 главни крвни групи А, Б, АБ и 0 и секоја од овие групи може да биде Rhd позитивна или Rhd негативна. За секоја крва група постои дозволена и недозволена храна.

А крвна група

Вегетаријанскиот тип на исхрана најмногу одговара на А крвната група. Многу овошје, зеленчук и житарици се она што им се препорачува на прво место.

Дозволена храна: сите видови риби, соја млеко, маслиново масло, тиква, кикирики, грав, леќа, леќата, овес, 'рж, брашно од ориз, брокула, моркови, зелена зелка, рукола, праз, магдонос, спанаќ, компири, кајсии, капини, боровинки, лимони, цреши, смокви, грејпфрут, ананас, сливи, суво грозје, кајсии, моркови, сливи, лимонада со мед, сенф, зелен чај и црвено вино.

Забранета храна: Месо - освен пилешко, путер, сладолед, крем сирење, сирење, кравјо млеко, сурутка, ф’стаци, жолт и шарен грав, црвена и бела зелка, модри патлиџани, печурки, домати, црвен компир, банани, портокали, мандарини , црвена пиперка, оцет, кечап, мајонез, пиво, алкохолни пијалоци и газирани пијалоци.

Б крвна група

Доколку ја имате оваа крвна група, вие сте меѓу оние среќните, нутриционистот вели дека можете да јадете скоро се', без да имате проблеми со телесната тежина и варењето на храната. Сепак, постои помал список на храна што треба да се избегнува.

Еве што да избегнувате: сланина, пилешко, свинско, сончогледово масло, лешници, сончоглед, кикирики, тиква, црн грав, маслинки, леќа, домати, кечап, цимет, пиперка.

Храна која има најкорисно дејство: јагнешко, зајачко, ослич, скуша, штука, фета сирење, солено кравјо сирење, јогурт, маслиново масло, оризови снегулки, цвекло, брокула, компири, зелка, моркови, карфиол, црвена и зелена пиперка, банана, лубеница, грозје, ананас, сливи, кари, калинка, нане и зелен чај.

Крвна група АБ

Ова е најретката и најспецифичната крвна група. Ако спаѓате во оваа група, се препорачува да имате неколку помали оброци во текот на денот.

Дозволена храна: јагнешко, мисирка, риба, сирење, млечни производи, ореви, зелен зеленчук, цвекло, смокви, грозје, кафе.

Забранета храна: свинско, говедско, телешко, пилешко, дивеч, школки, сончоглед и масло од сусам, лешници, семки од тиква, црн грав, пченка, ротквица, банани, кокос, калинка, урми, кечап.

Нулта крвна група

Најдобар начин за оваа крвна група е да се јаде диета богата со протеини, квалитетно месо, риба, но и зеленчук и овошје.

Дозволена храна: говедско, телешко, ослиќ, скуша, пастрмка, маслиново и ленено масло, семки од тиква, ореви, лук и кромид, магдонос, брокула, црвена пиперка, тиква, зелен зеленчук, компири, смокви, сливи.

Забранета храна: свинско, крем сирење, сирење, кравјо и козјо млеко, јогурт, кисело млеко, сурутка, крем, разнобоен грав, пченица, пченка, овес, колачи, карфиол, модри патлиџани, маслинки, црвен компир, печурки, пршут од црвена зелка , капини, јагоди, кокос, портокали, мандарини, оцет, мелен пипер, цимет, ванила, кечап, кафе, алкохолни пијалоци, црн чај.

извор:stil.kurir.rs

Поврзано:
Вашата крвна група открива: Какви сте во кревет