Diners чекор поблиску до бесконтактно плаќање преку партнерството со КаСис АД

Добивај вести на Viber

Diners Club Македонија склучи партнерство со единствениот независен процесор во доменот на картичната индустрија на територијата на нашата земја, КаСис АД. Преку ова партнерство, Diners Club Македонија до крајот на годината ќе почне со издавање платежни картички кои овозможуваат чип и бесконтактно плаќање, со што компанијата ќе застане рамо до рамо, на исто технолошко рамниште со конкуренцијата во земјава.

„Горди сме на успешно склученото партнерство со КаСис и цврсто веруваме дека ова е почеток на една долга заедничка соработка која ќе резултира со иновативни и модерни продукти и услуги, од кои најголем бенефит ќе имаат македонските граѓани. КаСис е компанија со најиновативна понуда на пазарот, која обезбедува висок степен на безбедност и оперативна доверливост за своите клиенти, што беше од клучно значење за нас“, вели Тони Јанковски, менаџер за продуктен развој и иновации во Diners, додавајќи дека ова е уште еден чекор кон реализирање на компаниските цели за имплементација на нови технологии во регионот, но и пошироко, во насока на подобрување и унапредување на целокупното корисничко искуство.

Од КаСис АД исто така изразија задоволство за соработката, нагласувајќи дека е достигнување процесор од областа на картичната индустрија да работи и има директни комуникациски врски со повеќе меѓународни мрежи.

“Бесценето е да се биде процесор и на Diners Club мрежата. Нашиот труд и квалитет финишираа со успех по неколку месечниот “due diligence process”. Горди сме на постигнатиот успех”, претходно изјави Филомена Пљаковска Аспровска, претседател на Управниот одбор и главен извршен директор на КаСис АД Скопје.

Инаку, ова партнерство е резултат на повеќемесечната интензивна сорабока помеѓу Diners Club Македонија, Diners Club International и КаСис АД, како и сеопфатната и длабинска анализа на сите параметри неопходни за успешно спроведување на процесот на сертификација за официјален процесор на Diners Club мрежата.


ПР објава