Diners Club го одбележа Светскиот ден на храната со донација за хуманитарниот настан

Добивај вести на Viber

По повод 16-ти октомври, Светскиот ден на храната и ден на борба против гладот, Diners Club Macedonia со донација од конзервирана храна и основни прехранбени производи, даде свој придонес и го поддржа хуманитарниот настан "Нахрани 10.000" во организација на асоцијацијата Сите Сити.

„За Diners Club придонесот кон доброто на заедницата е важен дел од корпоративна стратегија на компанијата. Борбата со гладот претставува глобален проблем, за чие решавање сите активно и свесно треба да се вклучиме и да делуваме. Со едукација на младите и искрена солидарност да им помогнеме на оние групи на граѓани кои имаат најголема потреба од помош“, велат од Diners Club.

Хуманитарниот настан "Нахрани 10.000" ќе се одржи на 17-ти октомври. Асоцијацијата Сите Сити ги повикува сите хумани граѓани да дадат свој придонес и да донираат нерасиплива и конзервирана храна во пунктовите кои ќе бидат отворени на повеќе локации низ нашата земја од 10 до 18 часот. 

комерцијален текст