DIRECT MEDIA United Solutions најави нова ера на регионалниот маркетинг

Добивај вести на Viber

Во присуство на повеќе од илјада гости, Direct Media, агенција којa функционира во рамките на United Group, го означи почетокот на еден нов циклус на работење и најави нова еволутивна фаза на регионалниот маркетинг.

Со новиот визуелен идентитет, DIRECT MEDIA United Solutions, во новата ера на бизнисот, како долгогодишен лидер во областа на рекламирањето, комуникациите и медиумските услуги во Југоисточна Европа, ќе продолжи да биде предводник на дигиталната трансформација на регионот на патот кон иднината на маркетингот и рекламирањето.


„Минатата година станавме дел од United MediаодносноUnited Group, еден од водечките системи во овој дел од Европа во областа на телекомуникациите и медиумите, коичекораткон новата технолошка ера. Затоа, наша голема привилегија е да започнеме нов раст со United Group, јасно согледувајќи го нашиот придонес кој ќе овозможи развој на Групацијата и на регионалниот маркетинг во целост.“изјави Главниот оперативен директор наDIRECT MEDIA United Solutions Јован Стојановиќ.

Во големиот систем на United Media и United Group, DIRECT MEDIA United Solutions ќе продолжи да развива нови технологии, нови иновативни адвертајзинг модели и развој на дигиталниот маркетинг. Ова ќе овозможи создавање на единствени комуникациски решенија кои ќе се постигнат преку различни напредни платформи, а на компаниите, брендовите и медиумите во регионот ќе им донесат побрз напредок во дигиталната ера и ефикасен развој на бизнисот. 

„Во новата ера, поврзаноста е главна цел, а решенијата за деловните предизвици се комуникациските стратегии од новата генерацијакои ги развиваме. Тоа ќе бидат многу покомплексни технолошкирешенија, кои ги интегрираат постоечките и создаваат нови мостови на комуникација. Како професионалци, ние сме целосно подготвени за овој чекор и со многу ентузијазам и самодоверба, влегуваме во нов развоен циклус“, изјави Јован Стојановиќ. 

Речиси дваесетте години работењена Direct Media се одбележани со регионална експанзија, поместување на стандардите во рекламната индустрија, производство на врвни телевизиски содржини и се тоа проследено со социјална одговорност на ниво на корпорација. Преку константно подобрување, Direct Media успеа да воведе светски стандарди во маркетинг индустријата во регионот и покрај тоа што не е дел од ниту една група на глобалните агенции. 

DIRECT MEDIA United Solutionsпреку својата мрежа на канцеларии и филијали во Србија, Црна Гора, Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Словенија, Хрватска и Бугарија обезбедува услуги на голем број меѓународни и домашни компании на пазарите во осум земји во регионот.