Директорка на скопска фирма флертуваше со сите членови на еден наш бенд, но на крај ... ?
Директорка на скопска фирма флертуваше со сите членови на еден бенд, незнаејќи кои се и што работат, се додека не заврши на еден настап на групата ...
Така почнува приказната за спотот на момците од „Хепи енд“, кои периодов активно се посветија на својот проект, прва песна и спот.
Видеото за „Кога би била моја“ на двоецот Лазар и Магдалена Цветковски, го работеше тимот на „Фабрика“ продукција...
Спотот се снимаше на повеќе локации во Скопје, неколку дена, с о голем тим и многу вложена енергија и средства, за да на крај добиеме финален производ каде ќе победи квалитетот, велат момците од бендот.
Што ќе се случи на крајот и како ќе заврши целата приказна, ќе дознаеме веќе следната недела кога се очекува и промоцијата на спотот.
Во меѓувреме, од престојните најавени настапи, викендов „Хепи енд“ ќе настапат на „Revolution Fest“ во Кочани, фестивал кој се одржува за прв пат.