Дизајнерите мака мачат познатите да ги носат нивните креации
Кога на црвениот килим ќе видиме позната актерка во брендиран фустан не ни помислуваме на креаторот и маките кои требало да ги помине додека неговата креација се појави на фотографија.
За дизајнерите нема поголема реклама од познатите кои на црвениот килим ги носат нивните креации.
За таква реклама се борат младите дизајнери, кои сакaат да бидат под лупа на јавноста, но и познатите модни имиња кои сакат да останат на врвот во модата.
Сите знаеме дека дамите не ги плаќаат креациите, напротив,креаторите пред секое случување им нудат многу скапоцени опции, но дали знаевте дека тие го плаќаат и превозот?
На оваа тема прозборе дизајнерот Кристијан Сириано. „Дизајнерот мора многу да потроши за да направи фустан и модни додатоци, а потоа и ги праќа низ светот“, изјавил Сирано.
Гламурозните тоалети не треба само да се пратат по пошта, во некои случаеви во авионите се купува додатно место за тоалетата.
„Понекогаш морам да платам 2000 долари за да пратам фустан од Њујорк до Лос Анџелес“, се пожали дизајнерот и истакна дека Оскарите се најдобара реклама за креаторите.
Зошто познатите сами не плаќаат достава?
„Многу познати немаат буџет за достава, а исто е и со стилистите. Ако сакате некоја позната личност да ја носи вашата креација тогаш ќе ја платите доставата“.