Животна училница // Приказни
Длабок шлиц и сваровски кристали: Симона Поповска со уникатна креација на сцената на Макфест
- 28 Октомври, 2024
Бел уникатен фустан со сваровски кристали носеше познатата пејачка Симона Поповска за настапот на овогодинешниот Макфест.
Симона, очекувано блесна и женствено ја износи креацијата во која ја испеа и промовираше новата балада „Без тебе“.
Длабокиот шлиц ги истакна долгите згодни нозе на убавата пејачка која е и позната докторка, а Поповска со многу емоција ја презентираше новата балада.
Од настапот Симона кажа дека е и повеќе од задоволна.
Се чувствував како да сум дел од универзумот, обвиена со светлина и енергија, во опкружување што пулсираше заедно со секој стих - вели Симона.