Дневен хороскоп: Водолиите нека внимаваат со парите, Овните нека не се залетуваат во нови љубовни авантури

Добивај вести на Viber

Лав

Врската која ја држевте во тајност може да стане јавна. Партнерот ве сака повеќе отколку што вие го сакате него, но вие не уживате во тоа. Неговите очекувања за вас ви стануваат оптеретување, па ова ќе ви биде многу силна причина сериозно да размислите за разделба.

Девица

Тежнеете кон слобода, меѓутоа, подобро е да се воздржите, бидејќи не е поволен период за бунт. Дисциплинирано и на време завршувајте ги обврските, само така ќе избегнете напнати ситуации.

Вага

На повидок е финансиска добивка која ќе ја ублажи напнатоста кај вас, која веќе некое време ве мачи. Не се затрувајте со нови обврски, туку денот поминете го со помалку активности. Одлежете сè што може да се одложи.

Шкорпија

Имате многу планови и очекувајте набрзо да почнат да се реализираат некои од нив. За жал, денес не ви следуваат крупни чекори, освен што неколку туѓи искуства ќе ве наведат да размислите дали тој пат кој сте го смислиле е најповолен за вас.


Претходна страна  Следна страна