Дневен хороскоп: Водолиите нека внимаваат со парите, Овните нека не се залетуваат во нови љубовни авантури
Стрелец
Не го добивте очекуваниот одговор во врска со работата кој многу ве заинтригира. Сепак, очекувајте новина која ќе ја загрее надежта дека не е сè завршено. Пред вас е сериозен разговор и најдобро е на време да се подготвите.
Јарец
Ве нервира тоа што член од семејството се меша во вашите одлуки. Ќе ги образложите своите идеи, амбициозно ќе започнете разговор, кој, потоа, ќе се заврши катастрофално. Вашите вербални вештини денес не се на завидно ниво, повлечете се.
Водолија
Полни сте со разбирање за другите луѓе, сепак, внимавајте бидејќи ви следуваат понуди во кои некои ветуваат голема финансиска добивка. Денес, внимавајте со парите, бидејќи се залетате коцката ќе падне токму на таа страна на која најмалку очекувате.
Риби
Доколку се најдете во можност да потпишувате некои документи, бидете внимателни, бидејќи може да ви се подкраде грешка која подоцна нема да можете да ја поправите. Вашето променливо расположение може да го збуни партнерот и да го наведе да помисли дека повеќе не го сакате.