Дневен хороскоп за 17 јануари: Еден знак пред сериозен емотивен тест

Добивај вести на Viber

Овен

Одличен ден за добивање на малку повеќе пари. Расположени сте за флерт со личност која е зафатена. Тоа не ви пречи, бидејќи секако немате сериозни планови.

Бик

Воодушевени сте со постигнатите резултати. Свесни дека ги имате постигнувате исклучиво со сопствен труд. Презадоволни сте од врската. Успеавте да ја надминете љубомората и сега уживате во стабилниот однос.

Близнаци

Прилично сте упорни во решавањето на одредени проблеми. Презадоволни сте од врската, но во исто време и уплашени за нејзиниот опстанок. Не сакате да останете без партнер.

Рак

Работите се одвиваат онака како што сакате, но врската не. Покрај привлекувањето и силните емоции другата страна ви прави непотребни љубоморни сцени.

Лав

Амбициозни сте, организирани, имате јасно поставени цели. Без никакви проблеми ги реализирате. Остварувате комуникација со личноста која ви се допаѓа. 

Девица

Работите се одвиваат онака како што планиравте. Задоволни сте од врската. Партнерот е малку чувствителен па се трудите да го опуштите и орасположите.

Вага

Не се разбирате најдобро со членовите од вашето семејство. Себе повеќе се мачите со љубомората, отколку партнерот. Се обидувате малку да се опуштите и да ја спуштите тензијата.

Шкорпија

Имате нови идеи, но нивната реализација не оди лесно. Емотивното поле ви е најважно, а воедно и најдобро прикажано. Уживате во блискоста со саканата личност.

Стрелец

Имате силна интуиција. Ве очекува сериозен разговор со саканата личност. На другата страна ѝ е потребно повеќе разбирање и поддршка.

Јарец

Одличен ден за дружба со пријателите. Задоволни сте. Необична ви е количината на емоции кои ги буди саканата личност во вас. Вашата посесивност е нагласена.

Водолија

Прилично сте прилагодливи, а во исто време вредни. Пред вас е одличен ден за ново познанство. Ви се допаѓа промислениот и продорен поглед на новиот познаник.

Риби

Расположени сте за завршувањето на обврските. Задоволни сте од врската. Се уште сте заљубени во партнерот и ги гледате само неговите доблести.