Дневен хороскоп за четврток: Еден знак го чека тежок ден на работа

Добивај вести на Viber

Овен

Ве очекува поддршка која може да биде од морален тип. Ви се допаѓа личност која е во странство. Сметате дека далечината не е никаков проблем, додека другата страна не е сигурна по тоа прашање.

Бик

Имате проблеми со семејството, кое не е задоволно од вашите постигнати резултати. Задоволни сте од емотивното поле. Тоа е единствената област во која се чувствувате добро и опуштено.

Близнаци

Прилично сте упорни, фокусирани и сугестивни. Во фаза сте на подобро запознавање со симпатијата. Сакате да дознаете сѐ за неа, додека за себе откривате многу малку.

Рак

Одличен ден за комуникација, но и за решавање на проблеми. Доколку сте во врска, се прашувате дали партнерот има тајна комуникација со некоја друга личност.


Следна страна