Дневен хороскоп за четврток: Одличен ден за правење планови
Овен
Не сте задоволни од постигнатите резултати. Размислувате за промена на стратегијата и за воведување на некој нов, оригинален и досега невиден концепт. Полека се откажувате од идејата да останете во врска со сегашниот партнер. Сигурни сте дека со него нема да ја дочекате староста.
Бик
Одличен ден за правење планови. Рационални сте и точно знаете што сакате и што можете. Партнерот почнува да ве иритира. Засега успешно успевате да се исконтролирате и да се правите дека се е во ред.
Близнаци
Ве очекува успех доколку вашите задолженија имаат врска со забава или храна. Имате симпатија и се трудите да оставите впечаток на образована, стабилна и силна личност. Другата страна трпеливо го чека вашиот следен чекор.
Рак
Поволен ден за промени. Имате симпатија на која ѝ покажувате дека се приближувате. Толку сте срамежливи што другата страна не ги забележува вашите напори.