Дневен хороскоп за ЧЕТВРТОК: Спектакуларен ден за Девиците, предизвик за Вагите

Добивај вести на Viber

Овен – Ќе почувствувате проблеми со парите. Ќе станете свесни за зголемените трошоци, па економските прашања ќе ви предизвикуваат главоболка. Месечината е 70 отсто негативно поставена и во лош аспект со Сонцето, ова ќе предизвика проблемите да ги сфатите премногу лично. 

Бик –Ќе бидете фаворизирани на работното место, и се што е поврзано со вашата професија денес ќе ви оди од рака. Во љубовта, доколку сте во врска, ќе имате убави моменти со партнерот кој ќе направи да се чувствувате сакани и полни со енергија. Во доцните попладневни часови или во вечерните часови може да добиете прекрасни вести.

Близнаци – Денот ќе биде помалку ефикасен на неколку полиња, но не омаловажувајте го премногу овој ден. На работното место, иако нема да бидете лично инволвирани во никакви проблеми, ќе бидете во можност да ги смирите умовите во дискусијата меѓу колегите. Избегнувајте да заземете позиција. 

Рак –  Лошата поставеност на Венера и Марс ќе се обидат да предизвикаат хаос во вашиот живот, затоа подобро е да бегате во широк лак од конфликтните ситуации. На работното место ќе почувствувате збунетост, можеби ќе треба да го оправдате вашето неодамнешно однесување, а не многу добредојдено кај претпоставените. 

Лав –  На работното место сте преземале премногу обврски, па ќе мора малку да „олабавите“, во спортивно би се соочиле со нервоза. Во љубовта, сигурно ќе бидете „расеани“ , а таа расеаност ќе биде предизвикана од други ситуации. Внимавајте да се соберете на време, за да не пропуштите добра шанса. 

Девица – Четврток ќе биде едноставно спектакуларен, од секоја гледна точка. Оние кои се во пар или во брак, со ваква поддршка од ѕвездите, треба да ги стават на „маса“, уште денес, сите важни работи, сите нерешени проблеми, различни точки на гледање, дискусии итн. На работа, сигурно просперитетен и ефективен ден, особено во извршните активности.

Вага – Во љубовта, обидете се да не им давате премногу тежина на неодамнешните расправии со некој близок, пријател или член од семејството. Во врска со работните активности, овој четврток би можел да ви донесе и по некој  предизвик. Според предвидувањата на денот,  обидете се да обрнете повеќе внимание на советот што ќе ви дојде од близок колега или пријател.

Шкорпија – За да играте добро на сентиментално поле ќе ви требаат добри карти, а такви денес не ви се поделени. Во љубовта, внимавајте на конфликтни ситуации со лица родени во знакот на Рак или Стрелец. На работното место, можеби тука ситуацијата ќе биде малку подобра – може да дојде до убави предлози или да добиете пријатни повратни информации за работењето.

Стрелец – Ви пристигна мирен четврток, и добро ќе поминете ако на сите полиња делувате со поголема доза на на смиреност. Хороскопот, ве поканува да дадете знак за вашата љубов кон најблискиот.  Не мора секогаш потврдните зборови на љубов да ги земате само за себе, понекогаш, едно „те сакам“ има таква моќ слична на онаа кога ќе заврне во период на суша. 

Јарец – Не дозволувајте да бидете совладани од премногу добрина, и не дозволувајте некој вашата наклонетост да ја искористи за своја корист. Во вашата работа, ако планирате да предложите нешто на претпоставените, направете го тоа така што ќе покажете голема убедливост и сигурност во тоа што го кажувате.

Водолија – Многу нормален ден, така е оценет од страна на ѕвездите овој четврток, сличен на многу други денови кои веќе поминаа. Нема да имате астрални текови насочени кон знакот, што значи дека нема да имате ни конфликтни ситуации. Избегнувајте бескорисни и контрапродуктивни ситуации на агитирања. На сентименталното поле, во случај на потреба, ќе најдете одлична поддршка од личноста што ја сакате. 

Риби – Овој ден е еден од подобрите за Рибите. Денот е подготвен да ги исполни повеќето од вашите намери или очекувања. Во прв план сепак ќе ви бидат комуникативноста, подвижноста, интелектот и образованието. Ќе имате многу контакти со соседите или роднините.